Музика
Оливер Драгојевиќ има тумор на белите дробови
Легендарниот сплитски кантавтор Оливер Драгоевиќ е болен од тежок облик на воспаление на белите дробови, а при прегледот утврдено му е туморно ткиво.
Оваа вест Драгојевиќ ја потврди за хрватските медиуми, изјавувајќи дека е болен и оти е во процес на испитувања, по што ќе знае на каков медицински третман ќе биде подложен.
Тој уште рече дека неговата болест не е предизвикана од пушење, туку од старост.