Сцена
Џон Леџенд и неговата сопруга подготвени за второ бебе
Џон Леџенд и неговата убава сопоруга Крис во април станаа горди родители на девојчето Луна Симон.
Но, како што објавија американските таблиди, двојката веќе планира второ дете, а шпекулациите ги потврди и извор близок на двојката.
– Крис и Џон сакаат второ дете пред да е доцна. Помалку или повеќе се е подготвено за оплодување. Тие заедно отсекогаш сакале големо семејство, изјаи изворот за „Е!Онлајн“.
Двојката има неколку замрзнати ембриони кои ги оставиле за подоцнежна употреба, но не се знае точно колку.
– Искрено, Џон и јас имаме проблеми. Можевме да имаме деца пред 5-6 години. Но. тоа е процес. Бевме на лекар за оплодување. Еднаш кога ќе почнеш да зборуваш за тоа, дознаваш дека многу луѓе од твојот живот имаат слични проблеми, откри Крис уште во октомври 2015 година.
Крис и Џон ја почнаа врска во 2007 година, се верија во 2011, а се венчаа во 2013 година. Денес имаат еден од најцврстите бракови меѓу славните.