Музика
Џон Њуман на главната бина на „Егзит 2015“
Новата англиска соул ѕвезда и еден од најбараните пејачи на денешницата Џон Њуман (John Newman), ќе настапи во сабота 11. јули на главната бина на „Егзит“ фестивал!
24-годишниот пејач во Нови Сад ќе го претстави албумот „Tribute“ од првото место на британската топ листа, на која подеднакво се пласирани сингловите „Love Me Again“, „Losing Sleep“, „Out Of My Head“ и „Cheating“. Со групата „Рудиментал“ (Rudimental), тој ги освои светските топ листи со хитовите „Not Giving In“ и „Feel The Love“, а сѐ уште е актуелен синглот „Blame“ со кој Џон Њуман и Келвин Харис (Calvin Harris) ги одбележаа минатата есен и зима!
Спотовите за овие хитови денес во збир имаат близу милијарда прегледувања на сајтот „Јутјуб“, додека само Њуман во претходните две години оствари тираж од импресивни четири милиони!
Ноќта подоцна, на 12. јули на истото место ќе настапи и германската атракција, инди-поп дуото „Милки Ченс“ (Milky Chance) кое фановите ги освои со песната „Stolen Dance“ од насекаде пофалениот албум „Sadnecessary“!
Влезниците за „Егзит“ се достапни по цена од 3.599 денари, а за „Си Денс“ фестивал 2.240 денари. Единствената влезница за фестивалското летување од 7. до 20. јули во рамки на „Егзит“ Авантурата од Петроварадин до Јаз, може да се набави за само 4.299 денари преку продажната мрежа на МКтикетс или во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат). За сите кои сакаат покрај влезниците на време да го резервираат и сместувањето на двата фестивала, пакетите можат да ги најдат на сајтот www.exittrip.org, официјалната туристичка агенција на „Егзит“.
Ги потсетуваме сопствениците на влезници за „Егзит“ фестивал, купени пред 15. јануари, кои добиваат и подарок влезница за „Си Денс“, да ја извршат кратката активација на овие влезници на http://exitavantura.gigstix.com/, најдоцна до 31. март, со цел влезниците за фестивалот на Јаз да им бидат важечки.