Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Џорџ и Амал Клуни донираа 100.000 долари за децата-имигранти во САД

Сцена

Џорџ и Амал Клуни донираа 100.000 долари за децата-имигранти во САД

Џорџ и Амал Клуни отсекогаш биле великодушни ѕвезди кои се подготвени да дадат се за каузата во која веруваат и поддржуваат. Тие уште еднаш го докажаа тоа. Семејството донираше 100.000 долари во Младинскиот центар за правата на децата-имигранти.

– По некое време нашите деца ќе нѐ прашаат дали тоа е вистина, дали нашата земја навистина ги раздвојува децата од родителите и ги става во имигрантски центри. И кога ќе им одговориме дека тоа навистина е така, тие ќе нѐ прашаат што сме направиле ние по прашањето, што сме кажале, за што сме се залагале. Ние не можеме да ја промениме политиката на оваа администрација, но може да помогнеме за заштита на нејзините жртви, се вели во заедничката изјава на двојката.

Причината за нивната реакција е скандалот во САД поради политиката на „нулта толеранција“ кон илегалните имигранти. Од мај оваа година граничната полиција е должна откако ќе ги фатат оние кои илегално ја преминуваат границата со САД, да ги разделат децата од нивните родители, кои одат во притвор, додека се водат законски постапки против нив. Децата пак се сместуваат во специјални центри. Околу 2.300 деца се одвоени досега од нивните родители.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.