Сцена
Оскари 2022: Трој Коцур влезе во историјата како прв глувонем актер кој освоил Оскар
На 94-тото доделување на Оскарите, во култниот театар Долби во Лос Анџелес, престижната статуетка за најдобар актер во споредна улога ја доби американскиот актер Трој Коцур (53) за улогата во познатиот филм „CODA“.
Ова е навистина историска победа, бидејќи Коцур е првиот глувонем актер во историјата кој освоил Оскар. Наградата ја посвети на заедницата на глувонеми и лицата со посебни потреби. „Ова е нашиот момент“, рече тој на знаковен јазик. Значајно е што неговата колешка од филмот „CODA“, Марли Матлин, беше првата глувонема актерка која доби Оскар, во 1987 година за филмот „Children of a Lesser God“.
Трој Коцур е американски актер и режисер, а неговата споредна улога во „CODA“ му донесе голем број признанија, вклучително и наградата БАФТА на Британската академија, наградата на Здружението за филмски актери и наградата за избор на критичарите.
Во филмот, Коцур го игра глувиот рибар Френк Роси, кој прави се што е во негова моќ за да ја одржи својата работа со помош на својата ќерка тинејџерка. За оваа улога доби исклучителни критики, дури 31 номинација за различни награди, а ја освои најпрестижната.