Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Оскари 2022“: Вакцини за номинираните и публиката, но не и за презентерите

Сцена

„Оскари 2022“: Вакцини за номинираните и публиката, но не и за презентерите

„Оскари 2022“: Вакцини за номинираните и публиката, но не и за презентерите

Присуството на овогодинешното 94-то доделување на Оскарите ќе биде возможно само со доказ за вакцинација против коронавирус и најмалку два негативни ПЦР теста.

Такви се правилата за учесниците. Изведувачите и презентерите ќе мора да поминат ригорозни тестирања, но нема да мора да имаат доказ за вакцинација, според портпаролката на американската Академија за филмски уметности и науки.

Доделувањето на наградите ќе се одржи на 27 март, а номинираните и нивната придружба ќе бидат сместени во делот за оркестарот и партерот на театарот „Долби“, а наводно нема да мора да носат маски, освен оние кои седат на мезанинот.

Наводно, ќе присуствуваат 2.500 поканети гости, што е за 800 помалку од претходните години.

Домаќини на овогодинешните Оскари ќе бидат американските актерки Реџина Хол (51), Ејми Шумер (40) и Ванда Сајкс (57).

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.