МК Сцена
Оскаровецот Џон Сил пристигна во Македонија – во сабота ќе чекори на црвениот тепих на „Браќа Манаки“
Славниот австралиски кинематографер Џон Сил синоќа пристигнал во Македонија, соопштија денеска од ИФФК „Браќа Манаки“.
Кинематограферот од Австралија, кој во Македонија ќе престојува заедно со својата сопруга Луиз, денеска ќе замине во Битола каде на свеченото отворање на филмскиот фестивал ќе ја добие наградата за животно дело „Златна камера 300“
-Сил, по кусиот одмор денеска во Скопје, ќе замине во Битола каде на свеченото отворање на 10 септември, во Центарот за култура, ќе ја прими наградата за животно дело „Златна Камера 300“ и ќе се вброи во Клубот на великаните на филмската камера на фестивалот „Браќа Манаки“. Џон Сил (John Seale) снимил дел од најзначајните остварувања на светската филмска уметност, а во 1997 година освои Оскар за филмот „Англиски пациент“, се вели во соопштението од ИФФК „Браќа Манаки“.
На фестивалот во Битола, публиката ќе има ретка можност да проследи и разговор/мастер клас со големиот кинематографер Џон Сил.