МК Сцена
Останува уште малку време да ги поддржите Македонците во натпреварот на Ред Бул (ФОТО+ВИДЕО)
Остануваат помалку од 24 часа да ја дадете вашата поддршка на тројцата македонски студенти Борис, Марко и Волхан кои учествуваат во интернационалниот „Can you make it?“ натпревар на Ред Бул.
Оваа авантура која започна на 12 април, завршува утре во 14 часот, кога натпреварувачите од целиот свет треба да стигнат на целната линија во Париз.
Имено, тимовите треба да пристигнат до целта само со размена на Ред Бул лименки како валута во текот на оваа авантура, а во текот на патувањето треба да посетат повеќе локации и да се натпреваруваат во разни предизвици.
На македонскиот тим „Борово“ им е потребна вашата помош за да се искачат на пиедесталот на најдобри учесници во овој интернационален натпревар. Секое споделување на фотографиите и видеата кои ги објавуваат, а кои можете да ја најдете ТУКА им носи дополнителни поени, а со тоа и шанса за поголем успех.
– „Фактот што ова неверојатно и уникатно авантуристичко патување го поминав со моите двајца најдобри другари ме прави навистина среќен. Благодарни сме што ни ја дадовте шансата, ви ветуваме дека нема да ве разочараме, но потребна ни е и вашата помош, преку споделување на нашите содржини да ни помогнете да освоиме повеќе поени“ – вели Борис.
Инаку, од Ред Бул Македонија најавуваат и следење во живо на отворено од финалето на овој уникатен натпревар, утре во 20 часот во СКС Карпош.
Да им помогнеме на овие млади момчиња во нивната авантура!
Во продолжение погледнете неколку моменти од нивното патување: