МК Сцена
ОСВОИВМЕ ПРВО МЕСТО: Македонија и официјално доби награда за „најлош стајлинг“ на Евровизија
Иако не успеаја да се пласираат во финалето, македонските претставници на годинашниот Евросонг, групата „Ај кју“, сепак и официјално „освоија“ награда.
Тие го земаа првото место на БДА – наградата Барбара Декс, која што уште од 1993 година им се доделува на најлошо облечените учесници на Евровизија.
Самата награда го носи името според белгиската претставничка на Евровизија за 1993 година, Барбара Декс, која што тогаш го шокираше светот со фустанот кој сама го креирала за настапот.
Веднаш по Македонија, како најлошо облечени претставници оваа година се рангирани музичарите од Австралија и Белгија.
Дизајнер на групата „Ај кју“ за Евровизија беше креаторот Алек Билбилоски од Охрид. По критиките на социјалните мрежи на сметка на гардеробата на нашите претставници, тој се огласи на својот Фејсбук профил и порача дека си го остварил сонот.
– „До сите хејтери, не бевте ниту пак ќе бидете на ваков настан, да видете што се случува. Не сте вредни за моето време, најдете си живот, негативноста убива“ – порача Алек Билбилоски, дизајнерот на официјално најлошиот стајлинг на Евровизија.