Сцена
Откриено кога ќе пристигне последната сезона на „The Crown“, погледнете го тизерот (ВИДЕО)
Последната сезона на „The Crown“ ќе биде објавена во два дела подоцна оваа година, објави Нетфликс.
Стриминг сервисот ги откри датумите на премиера на шестата и последна сезона на мегапопуларната серија (оригинално насловена „Круната“). Бидејќи финалето на серијата е поделено на два дела, првиот дел ќе излезе на 16-ти ноември, додека вториот дел ќе излезе на 14-ти декември. Сега е објавен нов тизер во кој можете да ја видите кралицата Елизабета Втора (ја игра Имелда Стаунтон) додека шета низ Бакингемската палата додека нејзините зборови одекнуваат насекаде.
“Круната е симбол на постојаност. Тоа е нешто што си, а не нешто што го правиш. Дел од нашата природна личност секогаш се губи. Сите сме се жртвувале. Тоа не е избор, тоа е должност”, се слуша гласот на Елизабета. „Но, што е со животот што го оставив зад себе? Жената што ја оставив зад себе“, се слуша друг женски глас.
It is not a choice. It is a duty. The final season of The Crown arrives next month.
Part 1: 16 November
Part 2: 14 December pic.twitter.com/ULOPHeghKh— Netflix UK & Ireland (@NetflixUK) October 9, 2023
Шестата сезона на „The Crown“ ќе се одвива помеѓу 1997 и 2005 година. Првиот дел ќе се фокусира на врската помеѓу принцезата Дијана (ја игра Елизабет Дебицки) и Доди Фаед (го игра Калид Абдала) пред сообраќајната несреќа во Париз во 1997 година во која загина саканата принцеза. Нетфликс претходно нагласи дека несреќата нема да биде прикажана.
Вториот дел ќе го следи принцот Вилијам (Ед Меквеј) додека се враќа на колеџот Етон по смртта на неговата мајка, потоа златниот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, бракот меѓу кралот Чарлс III. (Доминик Вест) и кралицата Камила (Оливија Вилијамс) и раните фази на врската на Вилијам со Кејт Мидлтон (Мег Белами).