Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ОВА Е АРЕНАМАГЕДОН: Nina, Solomun, Maceo, Tale of Us, Brejcha, Carl Craig, Rødhåd… сите на ЕГЗИТ!

Музика

ОВА Е АРЕНАМАГЕДОН: Nina, Solomun, Maceo, Tale of Us, Brejcha, Carl Craig, Rødhåd… сите на ЕГЗИТ!

Со невидената техно екипа, во која се наоѓаат, Richie Hawtin, Adam Beyer, Ida Engberg, Ben Klock, Amelie Lens и Anastasia Kristensen, уште од првата објава па сè досега, јасно е дека на Денс Арената на Exit започнува нова ера! Една од најзначајните и најголемите сцени на целата планета, оваа година е одлучна да ги надмине сите минати максимуми, и тоа, во годината кога EXIT официјално е назначен за најдобар голем европски фестивал!

По тој повод, на тврдината се подготвува вистински #Arenamagedon бидејќи своите настапи веќе ги потврдија великаните Nina Kraviz, Solomun, Maceo Plex, Tale of Us, Carl Craig, Rødhåd и Boris Brejcha! Но, тоа не е сè, на овој историски лајнап, составен само од хедлајнери, колосалната Арена решена е наскоро да додаде уште изненадувања!

По минатогодишниот, можеби највепечатлив настап во историјата на Денс Арената, во атмосфера која досега се случувала само на стадионските рок концерти, со повеќекратни овации и две навраќања на бис, Нина Кравиц доаѓа на EXIT да креира волшепства со публиката од целиот свет, чија доверба бескрајно ја ужива. Не постои никој како Нина која има таква преданост, бескомпромисен став и над сè храброст за константно да се менува, љубопитност постојано да истражува, желба да учи и преку својот пример да ја води глобалната електронска сцена закитена со титулата за најдобра светска Ди-Џејка за 2017-та година. Со легендарното затворање на минатата година, Нина е првиот изведувач кој ја добил честа два пати, едно по друго, да го затвори EXIT фестивалот, а тоа ќе ѝ биде трета година по ред да настапува на тврдината, рекорд кој оваа година ќе го подели со подеднакво фасцинантниот феномен на светската музичка сцена.

А тоа не е никој друг, него Младен Соломун, алфа и омега на светската хаус сцена, за чиј успех како најпопуларен балкански музичар на светот, не постои повеќе опис бидејќи само во изминативе неколку години со неверојатна леснотија ја освои целата планета. Неговата непосредност и шарм се вткаени во харизмата која го дефинира поднебјето од кое што не само што се нема откажано, туку со гордост го претставува на светот преку најсовремениот музички израз. А еден од почетоците на своето патешествие кон врвот го започнува 2010-та година, токму на EXIT, за кое вели дека „е едно од најдобрите нешта кои ги доживеал“! Дека постои некоја тајна врска, најдобро говори неговото враќање по трет пат, по сопствена волја ова да му биде единствен фестивалски настап во регионот за оваа година.

Силната поврзаност со магијата на EXIT, неодамна пред камерите ја откри и неприкосновениот продуцентски гениј Масео Плекс, кој изјави дека „секоја година се прашува дали повторно ќе настапи на Exit“! Виртуозниот мајстор на миксањето и апсолутниот хедлајнер на најголемите фестивали, пред неколку години во документарецот на VICE, откри дека трема чувствува единствено пред настапот на Арена, за која може да се потврди дека е движечка сила бидејќи сите негови настапи досега биле испратени со најсилен аплауз од публиката. Незапирлив во изучувањето, Масео доаѓа на Арената со обемен нов материјал кој го подготвува за најголемите отворени летни фестивали, опкружување создадено за неговиот уникатно препознатлив звук. Нему ќе му се придружи и маскираниот творец на хај-тек минимал жанрот Борис Брејха кој благодарејќи на светски познатите траки, меѓу кои, „Lost Memory“ и „My Love“, саботниот сет помеѓу познатите ровови на тврдината ќе го направи незаборавен!

Миланските диригенти на моментално водечкиот светски звук и тандем без конкуренција „Тејл оф Ас“ (Tale of Us) и оваа година, имаат желба да го видат првото утринско сонце над колосалниот ров и преполната Арена, поглед кој е добро познат и за кој импресиите стигнаа до најдалечните делови од светот! Авторите на капиталните нумери како што се „Another Earth“, „Northern Star“, „Monument“ и други, Карм и Матео се враќаат после три години поголеми од кога и да било претходно со можеби најпопуларниот клубски бренд „Afterlife“, кој го имаат основано од последната средба со публиката на Арена! Револуционерот и еден од основачите на глобалното техно движење од Детроит, Карл Крег ќе ја исполни Арената со футуристички звук, кој пак со новата продукција ќе ја добие заслужената димензија на еден вистински великан. Минатата година ја зацементира титулата на најголем иноватор во електронската музика, кога го објави албумот, „Versus“ за кој соработува со оркестарот „Les siècles orchestra at Cité de la Musique“ од Париз и со кој ги восхити критичарите! На тлото од Петроварадинската тврдина конечно ќе зачекори и берлинскиот бард Родад (Rødhåd), чија издавачка куќа „Dystopian“ е на чело на новата генерација на техно уметници! На EXIT доаѓа со неодамна објавениот албум, „Anxious“ чиј успех само покажа зошто токму неговите сетови се заеднички на сите најдобри светски клубови во кои редовно настапува, како што се, „Berghain“, „Fabric“, „Goa“, „Fuse“, „Concrete“ и „Drugstore“.

За домашната поддршка ќе се погрижи еден од столбовите на белградската техно сцена Филип Хави (Filip Xavi), резидент на белградскиот техно клуб „Drugstore“ чиј звук повеќе пати го има освоено берлинскиот „Tresor“, амстердамскиот „Radion“ и култната бина на EXIT, „No Sleep Novi Sad“! Уште едно незаборавно име кога станува збор за регионалната техно сцена, несомнено е Владимир Ачиќ, познат како АВОИД. Новосадскиот „MVP“ и своевиден домаќин на тврдината е карактеризиран од неверојатна прецизност и техника, а со тоа и непогрешливо чувство за микс, што се проткајува низ неговите сјајни изданија.

EXIT фестивал ќе се одржи од 12. до 15. јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад и ќе претстави некои од најдобрите, регионални и домашни музички ѕвезди како што се Ziggy Marley, Fever Ray, Alice Merton, Richie Hawtin, Adam Beyer b2b Ida Engberg, Amelie Lens, Ben Klock, Jax Jones, Ofenbach, Mahmut Orhan, Sevdaliza, Madball, Brujeria, Dog Eat Dog, Slaves, Idles, Asphyx, Bombers и многу други. Влезниците по промотивната цена која е со 60% попуст од финалната, чинат 3580 денари, а се продаваат во Македонија преку МкТикетс и во Југотон (Скопје, ТГЦ, 1 кат), додека пак на веб-страната на официјалната туристичка агенција exittrip.org се достапни и туристички пакети кои покрај влезницата, содржат и опции за сместување и превоз до EXIT фестивал.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.