Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ОЖИВЕЈТЕ ЈА МАГИЈАТА: Погледнете како помина фестивалската „Егзит“ авантура! (ВИДЕО)

МК Сцена

ОЖИВЕЈТЕ ЈА МАГИЈАТА: Погледнете како помина фестивалската „Егзит“ авантура! (ВИДЕО)

Минатото лето во регионов повторно помина во духот на „Егзит“ и „Си денс“ фестивалите, кои заедно ја чинат „Егзит авантурата“, фестивалското летување кое е единствено во светот.

Годинава двата фестивала собраа речиси 300.000 фанови и ги поведоа на патување од магичната Петроварадинска тврдина во Нови Сад до тиркизната плажа Јаз недалеку од Будва, прогласена од страна на „Лоуни планет“ за најдобра во Европа!

На повеќе од 30 жанровски различни бини настапија околу 1000 уметници кои заедно со публиката од над 60 земји во светот ја креираа вистинската „Егзит“ магија за време на вкупно седум фестивалски дена и ноќи. А и многу подолго за многумината кои останаа да го поминат летото кампувајќи на песочните плажи кои и двата фестивала ги имаат во близина.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОФИЦИЈАЛНАТА ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ЕКИПАТА НА ПОПУЛАРНО.МК КОЈА ПРИСУСТВУВАШЕ ВО НОВИ САД НА ФЕСТИВАЛОТ „ЕГЗИТ“

1468226632Glavna_binaDSC_0120DSC_0019DSC_0034DSC_013013627153_10154278764553698_4945861289709780384_nDSC_0199DSC_0230DSC_0118DSC_0186DSC_010113580431_10154275375688698_9171132515383791097_oDSC_0392DSC_0155DSC_0142DSC_0090DSC_0123DSC_0066
<
>

Сето тоа е забележано во новиот, краток филм за „Егзит авантурата“ низ кој нѐ води шумската вила чиј магичен танц ја гради тврдината со сите тунели, ровови и мостови, на која ги доведува публиката и музичарите од сите континенти и им остава траги за следното „Егзит – Лето на љубовта 2017“!

Инаку фестивалот ова лето го собори сопствениот рекорд на вкупна посетеност, остварувајќи и нов рекорд за најпосетената ноќ во историјата на фестивалот, и тоа во недела кога програмата ја предводеа „Д Продиџи“ и Виз Калифа.

На тврдината настапија и поп принцезата Ели Гоулдинг, инди-рокерите Бастил и Д Ваксинс, докторот на фанкот Џорџ Клинтон, најголемиот хитмејкер на денешницата Дејвид Гета и многу други.

За „Егзит – Лето на љубовта 2017“ веќе 20.000 пријавени за влезници!

За следниот „Егзит“ кој ќе биде одржан од 6-ти до 9-ти јули 2017 година на Петроварадинска тврдина, за влезници се пријавија дури 20.000 посетители од 60 земји во светот, кои први ќе имаат шанса да ги набават своите влезници по првата, најповолна цена.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.