Сцена
Памела Андерсон се појави во јавност без шминка
Некогашниот американски секс симбол, Памела Андерсон, меѓу другото беше позната и по тоа што никогаш не се појавуваше во јавноста без шминка.
Сепак, се чини дека како што поминуваат годините, ѕвездата на телевизиската серија „Чувари на плажата“, но и на неколку приватни аматерски порно снимки кои „случајно“ протекоа во јавноста, полека станува љубителка на природниот изглед.
Така, на една гала вечер Памела се појави речиси ненашминкана.
Фотографиите од настанот покажуваат дека Памела е сосема друга личност кога ќе ги тргне неколкуте слоеви шминка.