Сцена
Парите од билетите за „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“, МНТ ќе ги донира за Леонид
Македонскиот народен театар (МНТ) со хуманитарна изведба ќе го одбележи својот 79-ти роденден.
На 3 април на сцената во МНТ ќе бидат изведени претставите „Силјан Штркот Шанца“ од 12 часот и „Сите сме птици“ од 20 часот.
Како што информираат од театарот, средствата од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на Леонид Индов.