МК Сцена
Петочна вечер за паметење: После 10 години, САФ го наполни Скопски саем
Насловната фотографија е преземена од Фејсбук
Концерт за музичка историја. Така може да се нарече вчерашниот концерт на легендарното рап трио САФ (Сакам Афро Фризура) кои вчеравечер во преполниот Скопски Саем одржаа долго очекуван концерт за 15 годишнината од нивниот прв албум Сафизам, кој е воедно и првиот рап винил на Балканот.
И по цели 7 години од нивниот последен концерт тие ја „запалија“ сцената како во доцните деведесети, кога беа на врвот на популарноста. Смилен, Гоце и Пикисипи на бината на Скопскиот Саем изведоа некои од нивните најголеми хитови како „Раце Горе!“, „Мис Стоун“ и „Сафари“. Гости на овој настап беа добро познатите рапери од Легијата кои не ја оставија публиката рамнодушна со нивните тврдокорни „траки“.
Сѐ што ни останува е да се надеваме дека легендарното рап трио повторно ќе се обедини за уште еден албум кој публиката го очекува уште од почетокот на претходната деценија, насловен „Сафир“.