Сцена
ПИСМО КОЕ ЌЕ ВИ ГО СТОПЛИ СРЦЕТО: Цукерберг доби ќерка и поклонува 99% од акциите на Facebook!
Основачот на Facebook, Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чен ја добија ќерката Макс и ја искористија таа прилика да му пратат порака на човештвото – подарување на 99% од акциите на Facebook во добротворни цели!
Токму оваа објава наречена Писмо за нашата ќерка доби над 4 милиони лајкови на Фејсбук.
99% од акциите на Фејсбук се 45 милијарди долари кои ќе се донираат, додека Марк за себе и за својата фамилија одделил 450 милиони долари.
– Драга Макс, твојата мајка и јас се уште немаме зборови да ја опишеме надежта која ни ја даваш за иднината. Како и сите родители, сакаме да пораснеш во свет, подобар од нашиот. И додека насловите често се фокусираат на лоши работи, светот во некои работи станува добар. Здравството напредува. Сиромаштвото се намалува. Знаењето е сè поголемо. Луѓето се поврзуваат. Технолошкиот прогрес во секоја област гарантира дека твојот живот ќе биде драматично подобар отколку нашиот денес. И ние ќе допринесеме, не само затоа што те сакаме, туку затоа што имаме морална одговорност кон децата и идните генерации, стои во писмото.
Основачот на Facebook и еден од највлијателните луѓе на светот напиша дека повеќе детали ќе открие во следните месеци, кога „ќе ги усогласи фамилијарниот ритам и ќе се врати од породилното отсуство“.
– Разбираме дека сите имаме прашања зошто го правиме ова и како ќе го правиме, додава тој.
Сепак, истакна дека се работи за 99% сопствеништво на Facebook и дека целта на „Иницијативата Чен Цукерберг“ е да го подобри човечкиот потенцијал и да ја промовира еднаквоста меѓу своето дете и новите генерации. Сосема очекувано, тој го спомна поврзувањето на целиот свет на интернет, а како први области со кои ќе работи ги наведе развојот на наставата прилагодена на поединци, работа за лечење на некои болести, поврзување на светот и градење на цврсти заедници.
Ќе дадеме 99% сопствеништво на Facebook, кој моментално се проценува на 45 милијарди долари. Знаеме дека тоа е мал придонес во споредба со ресурсите и талентот кои веќе се занимаваат со тие работи, но сакаме да направиме што можеме, заедно со останатите, му порача на светот и на својата ќерка.
Цукерберг, кој инаку се држи до својот приватен живот, го изненади светот со оваа објава, а повеќе детали се очекуваат во февруари кога ќе се врати од двомесечното породилно отсуство.