Сцена
ПО 5 МЕСЕЦИ КРИЕЊЕ: Кајли Џенер во провокативна фотосесија со своите сестри за „Келвин Клаин“
Бремената Кајли Џенер конечно го покажа нејзиното лице за првпат во скоро 5 месеци… затоа што идната мајка сепак треба да донесе дома некој денар.
Младата сестра од кланот на Кардашијан позираше скоро гола во кревет заедно со своите сестри – Ким, Клои, Кендал и Кортни, носејќи долна облека од брендот Келвин Клаин, но идната мајка беше доволно претпазлива за да не го открие тоа што сите сакаат да го видат.
Очигледно е дека фотосесијата за кампањата била одамна, но сепак додека сите сестри ја покажуваат долната половина, Кајли го сокри стомачето под кебе, покажувајќи го само градникот.
Дури бремената Клои го покри своето трудничко стомаче со својата рака.
Извинете Келвин Клаин, овојпат ќе добиете реклама само за градникот од Кајли Џенер.