Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

По бројните шпекулации Северина го потврди разводот со Игор Којиќ

Сцена

По бројните шпекулации Северина го потврди разводот со Игор Којиќ

По бројните шпекулации Северина го потврди разводот со Игор Којиќ

Пејачката Северина и нејзиниот, сега веќе поранешен сопруг, Игор Којиќ, дефинитивно ставија крај на бракот, по бројните индиции дека долго време нешто не е во ред меѓу нив двајца.

Во јавноста се зборува дека тие се разделиле уште лани во октомври. Оттогаш Северина живее во Загреб, а Игор е во Белград.

Имено, Северина сега е официјално разведена, бидејќи и двајцата потпишаа документи за развод, вчера во Загреб, пренесуваат медиумите во регионот.

Во ексклузивната изјава за еден хрватски медиум пејачката потврдила дека се развела од Игор Којиќ.

-Одлуката за развод ја донесовме заеднички, со заеднички договор и нема да ја коментираме понатаму. Мојата посветеност кон мојот син и борбата за старателство беа во целосен фокус во изминатите 20 месеци. Игор беше прекрасен партнер и голема поддршка во многу тежок период од мојот живот и му ја посакувам целата среќа на светот. Знам дека сум јавна личност, но не сум јавна вреќа. Секоја разделба е тешка и ги молам медиумите да се воздржат од пишување глупости и непроверени озборувања. Мојот живот не можете да ми го влошите, но сепак имате шанса да го поправите вашиот – изјавила Северина.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.