МК Сцена
По целосната распродажба на влезниците најавена и втора изведба на бродвејската „Монти Пајтон Спамалот“
По целосната распродажба на билетите за премиерната изведба на МОНТИ ПАЈТОН СПАМАЛОТ и огромниот интерес на публиката, закажана е и ВТОРА ИЗВЕДБА на најпопуларниот бродвејски мјузикл во Скопје!
Во рамки на ова ексклузивно гостување на Таксират, македонската публика ќе има единствена привилегија два дена да ужива во Пајтоновскиот хумор на спектакуларен начин.
Втората изведба на хит-мјузиклот ќе се одржи на 28-ми ноември во МОБ, ден по веќе распродадената премиерна изведба. Сите оние кои претходно останаа без билет, сега имаат уште една прилика, и тоа што поскоро да го осигураат своето присуство на овој единствен музичко-сценски спектакл! Билетите за втората изведба на СПАМАЛОТ се веќе пуштени во продажба, преку продажната мрежа на МКтикетс и онлајн.
Популарниот мјузикл ексклузивно ќе биде одигран во Скопје, на 27-ми и 28-ми ноември 2016, во реновираната сала на Македонска Опера и Балет.