МК Сцена
По гламурот и наградите, празна сала на првата проекција на „Браќа Манаки“
Во полн сјај, со гламурозен црвен тепих вчеравечер започна 39. издание на ИФФК “Браќа Манаки” во Битола.
Италијанската филмска дива Клаудија Кардинале ја доби специјалната награда „Златна камера 300“, а Роџер Дикинс ја доби наградата за животно дело.
Пред преполна сала тие се заблагодарија за укажаната чест од фестивалскиот тим и наградата која им ја доделиле.
По доделувањето на наградите лауреатите ја напуштија салата, а со нив си замина и половина од присутната публика.
Пред почетокот на манифестацијата, беше формирана цела редица за дефилето по црвениот тепих и фотографирањето, а потоа за време на прикажувањето на филмот во чест на оскаровецот салата беше полупразна.