МК Сцена
ПО ПАУЗА ОД ДВЕ ГОДИНИ: Новата песна на Ена Цветковска ќе ја слушате по цел ден (ВИДЕО)
По пауза од две години, познатата пејачка и текстописка Магдалена Цветковска – Ена конечно со нова песна и видеоспот.
Станува збор за нумера со наслов „Ко да нема утре ден“, на која како автор на текстот се потпишува токму Ена, а музиката ја напрви заедно со нејзиниот брат Лазар Цветковски, кој стои и зад аранжманот на оваа песна.
За новата нумера Ена сними и видеоспот во преубавиот Кушадаси, на кој како режисер се потпишува познатиот Даниел Јовески.
Погледнете и уживајте:
https://www.youtube.com/watch?v=kDwwSLt_DJc