Сцена
По политичката кариера, Хилари Клинтон стана глумица
Несудената претседателка на САД, Хилари Клинтон, се појави во епизоди од обновената ТВ-комедија „Марфи Браун”, каде што се шегуваше за своите искуства со е-поштата.
ТВ-серијата „Марфи Браун”, која беше доста популарна 1990-те, почна повторно да се емитува по 20 години, на каналот Си-би-ес, а главната улога повторно ја глуми Кендис Берген.
– Не се плашам од напорна работа, квалификувана сум и подготвена уште од утре… Имам одредено исуство и со е-поштата, вели Клинтон во разговорот за работа.
Клинтон ќе се појави и во „Госпоѓа секретaрка“, чија петта сезона ќе ја има својата прва епизода на 7 октомври. Во серијата претходно се појавија и Медлин Олбрајт и Колин Пауел.