Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ПО ТРИ ДЕНА И ТРИНАЕСЕТ РЕВИИ: Заврши 15-от Моден викенд Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Промо / Ани и Дими

МК Сцена

ПО ТРИ ДЕНА И ТРИНАЕСЕТ РЕВИИ: Заврши 15-от Моден викенд Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

По три дена и тринаесет модни ревии, вчеравечер заврши петнаесеттиот Моден викенд Скопје кој се одржуваше во салонот „Порше Македонија“.

Последната вечер од тридевниот моден настан за сезоната пролет-лето 2017 година, ја отвори „Walone fashion group“ со колекцијата „Plumes et Perles“ инспирирана од убавината на пердувите и бисерите дополнета со рачно изработени детали. Станува збор за екстравагантни креации во розеви, бели и златни нијанси.

Несекојдневната ревија за чевли и чанти од „Paolo Bocelli“ презентираше модели со динамичен стил и дизајн според последните модни тенденции. Најновата колекција е достапна во продажните салони во Скопје, Тетово, Битола, Гевгелија и Охрид.

Ново име на Моден викенд Скопје е Сара Реџиќ која се претстави со колекцијата „Spring fairy“.

„Инспирација пронаоѓам во се што ме опкружува, во самата работа всушност. Секоја убава приказна знае да биде инспиративна. Пролетта како едно од најубавите годишни времиња е една убава приказна каде што со природата некогаш и ние цветаме.“, вели за својата колекција Реџиќ.

За крај на петнаесеттиот Моден викенд Скопје на групна ги видовме тројцата избрани финалисти од неодамнешниот натпревар „Fashion Scout SEE“: „Victor Kaiser“ со модни парчиња кои се трансформираат, „Shaleva Couture“ со колекцијата „Alice“ за есен-зима 2017/2018 и „Ана Марија“ со колекцијата 1WOMAN – “Throw me to the wolves and I will return leading the pack.” Станува збор за капсулни колекции кои на 28 март годинава беа презентирани на модната недела во Белград, заедно со финалистите од Србија, Словенија и Хрватска.

„Теа Модерна“ како еден од медиумските покровители на настанот за најдобар дизајнер на петнаесеттиот Моден викенд Скопје ја одбра Силвија Михајловска која твори под етикетата „Alshar by Silvija Miha“ а за најдобра манекенка Горјана Кулишевска од модната агенција „Моделс Ин“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.