Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Почина Блек, кантавторот на хитот од 80-те „Wonderful Life“ (видео)

Сцена

Почина Блек, кантавторот на хитот од 80-те „Wonderful Life“ (видео)

Музичарот од Ливерпул, Колин Вернкомб (53), кој е познат под уметничкото име Блек, почина синоќа откако последните два дена ги мина во кома по тешката сообраќајна несреќа.

Блек ја загуби битката, наведено е на неговиот Фејсбук профил, при што се додадва дека крај неговата болничка постела цело време биле сопругата Камила и трите сина.

Несреќата се случи кога Блек возел од неговиот дом во Скул кон аеродромот во Единбург.

Блек се прослави во 80-тите години на минатиот век со хитовите „Wonderful Life“,  „Sweetest Smile“ и „Everything’s Coming Up Roses“. Тој издаде 15 албуми, објави книги со поезија и имаше неколку изложби на сопствени фотографии. Повеќе од десет години живееше и работеше во Ирска.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.