Музика
Почина Мики Јевремовиќ
Српскиот пеач Мики Јевремовиќ почина денеска, на 75-годишна возраст.
Тој почина во Белград, после куса и тешка болест, јави српскиот весник „Вечерње новости“. Пејачот на 27 декември претрпе мозочен удар.
Последните неколку дена тој ги мина во болница, во коматозна состојба.