Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Почнува деветиот по ред фестивал на виното „Вино Скоп 2015“

МК Сцена

Почнува деветиот по ред фестивал на виното „Вино Скоп 2015“

Повеќе од 20 вински македонски брендови, вкусно мезе и деликатеси, вински коктели и вегански корнер придружени со добра музика, најавуваат организаторите на „Вино Скоп 2015“.

Манифестацијата почнува денеска во 17 часот на паркингот кај Аква Парк, позади салата Борис Трајковски, а ќе трае до недела.

Посетителите ќе имаат можност да слушнат шлагери, рок, ирска музика, филхармонија со преработки на светски хитови, реге, џез, блуз, руски традиционални песни, македонски хитови, фолк, етно, ска, самба, труби…

За музичкиот дел се задолжени Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Сара Мејс, Миле Кузмановски, Куку Леле, Eye Cue, Chill Play, Brass Brothers, Тони Зен и Флека, Лозано, Тијана Дапчевиќ, Суперхикс, Ристо Самарџиев, Тајзи, Бета Хаус, Самбанса, Коверленд, Калевала, Влатко Илиевски, Филип Џез Квартет, Кроз Роуд Блуз Бенд, Дј Славе, Дј Тина, Кепурдат, Rover’s Hangover, The Hounds, Караваниа, Дејан Цукиќ,…

Покровител на „Вино Скоп 2015“ е Град Скопје.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.