Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Почнува новата ера на Денс Арената на Егзит, а со неа стигнува и ултимативната техно екипа!

МК Сцена

Почнува новата ера на Денс Арената на Егзит, а со неа стигнува и ултимативната техно екипа!

Минатото лето сите очи на глобалната електронска музичка сцена беа насочени кон новиот, спектакуларен изглед на Денс Арената.

Надалеку прочуената бина на ЕГЗИТ фестивал со тоа ги прослави првите 15 години постоење, густо исполнети со историски моменти кои заедно со нејзината препознатлива публика ги создаваа и сите најголеми светски ѕвезди. Оваа година фамозната Арена ќе донесе уште мноштво иновации кои ќе мора да се доживеат на лице место, во восхитувачкиот амбиент на најголемиот ров на колосалната Петроварадинска тврдина.

Истовремено, ако по утрото на Арената се познава денот, тогаш ултимативната техно екипа во четврток на Арената ја најавува досега најѕвездената листа на изведувачи, испишани на новата, уште подолга страница со која почнуваат следните 15 години! Честа во четврток, 12-ти јули, на оваа листа први да се запишат со своите фуриозни сетови ќе имаат во моментов најголемите техно херои!

Во оваа екипа, каква што се сретнува еднаш во животот, заедно ќе играат пионерот и лидер на глобалното техно движење РИЧИ ХОТИН (Richie Hawtin), планетарно најмоќниот техно пар АДАМ БЕЈЕР и ИДА ЕНГБЕРГ (Adam Beyer и Ida Engberg), апсолутниот симбол на берлинската техно сцена БЕН КЛОК (Ben Klock), техно ѕвездата во најголем пораст на денешницата АМЕЛИ ЛЕНС (Amelie Lens), како и официјално најзапазениот техно талент АНАСТАСИА КРИСТЕНСЕН (Anastasia Kristensen)! Овогодишната регионална поддршка на Арената доаѓа од светски прославениот сплитски диџеј ЏОК (DJ Jock), додека досега најголемата машинерија на тврдината прв ќе ја стартува младиот новосадски тандем ДУШАН НИКОЛИЌ и РАНИ (Runy)!

По две години за време на кои ширум светот го претстави својот нов концепт „Close“, изведен и на Exit 2016-та година, Richie Hawtin, подеднакво славен и како Пластикмен, овој пат на Арената се враќа во утринскиот термин и тоа лично да го затвори овој, вистински децениски техно лајн-ап! Во неодамнешното интервју, Ричи најави дека ќе направи пауза од „live“ настапите, за до јуни да го подготви продолжението со „Close 2.0“ концептот за кој се шпекулира дека ќе биде изведен и на EXIT фестивал!

На една од своите омилени сцени се враќа и најголемиот техно пар на сите времиња Adam Beyer и Ida Engberg, на кои ова ќе им биде прв заеднички настап на овие простори и еден од исклучително ретките настапи кои ги чуваат само за исклучителни настани како што се Coachella, Awakenings или на двајцата многу блискиот EXIT. Со три деца и две огромни кариери, по неодамнешната венчавка, светските медиуми ги прогласија за „вистинска техно фамилија“, „најкул пар на светот“ и слични кованици, а сите пишуваа за нивното заминување по венчавката право на подиумот на најпознатиот светски клуб, берлинскиот Berghain.

А токму најголемиот симбол и водечки херој на овој техно храм ќе ги дочека и на Арената! Откако го изведе своето спектакуларно шоу „Photon“ на неколку одбрани локации, техно титанот Ben Klock стигнува на Арената во моментот кога е најостварен. Од неговото претходно гостување на Арената, ја освои и наградата за „Essential Mix of the Year“, а настапуваше и како хедлајнер на вртоглав број фестивали чија бројка продолжува да расте и во 2018-та година.

Сепак, ако некој може да напише буквално филмска сторија за подемот, тоа е несомнено уникатната Amelie Lens! Белгиската техно хероина и Richie Hawtin и Adam Beyer ја прогласија за иднината на техното, а колку е барана на светската сцена најдобро говори податокот дека само во октомври запиша 27 летови, дури три сета на ADE2017, исто толку во новогодишната ноќ и целосно распродадени настапи ширум Европа, но и во Австралија и Нов Зеланд, додека годината ја заврши со дури четири хита во Топ 20 техно изданијата на Beatport!

До пред само година дена беше релативно анонимна, а денес е хедлајнер на најголемите фестивали, како и резидент на популарниот клуб Labyrinth каде што ја бруси својата вештина зад микс пултот во „all night long“ сетовите. Низ многу слична ситуација во моментов поминува и руско-данската ѕвезда во метеорски подем Anastasia Kristensen, која веќе е прогласена официјално за најголем диџеј талент од страна на списанието Mixmag, додека нејзиниот пат кон врвот со подеднакво воодушевување го следат и останатите медиуми, како и сѐ побројната публика.

Сплитскиот DJ Jock знае какво е чувството кога Carl Cox прв го врти твоето демо на Ибица, а потоа и кога го објавува за својата издавачка куќа, а тебе те повикува да настапиш со него. Не изненадува тогаш ни кога ќе те прогласат за најдобар продуцент во регионот, со што ти е загарантиран повикот да заиграш во дресот на Арената! Истите бои оваа година ги бранат и домаќините од новосадската сцена, Dušan Nikolić, резидент на Tunnel, култниот клуб на самата тврдина, и Runy, неговиот соработник во првиот овогодишен микс на Арената.

Само до 15-ти јануари една влезница отвора пет фестивали!

Откако EXIT Summer of Love минатото лето собра четири фестивали во низа, EXIT Freedom 2018 ќе биде уште поголем фестивалски потфат, бидејќи го сочинуваат дури пет фестивали во пет земји: EXIT, Festival 84, Sea Star, Revolution и Sea Dance. Во тек е и големата празнична акција во која со EXIT влезница по промо цена од само 3580 денари, само до 15-ти јануари добивате и влезници за останатите четири фестивали! Влезниците се продаваат во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат), а на сајтот на официјалната туристичка агенција exittrip.org достапни се и туристички пакети кои покрај влезниците, содржат и опција за сместување и превоз!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.