Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Почнува третиот фестивал на дебитантски филм „Киненова“

МК Сцена

Почнува третиот фестивал на дебитантски филм „Киненова“

Осум филма се во натпреварувачката селекција на 3. Меѓународен фестивал на дебитантски филм „Киненова“, кој под мотото „Првиот никогаш не се заборава“ ќе се одржува од денеска до 10 октомври. Фестивалот ќе биде отворен вечер од 20 часот во кино „Милениум“ со македонска премиера на „Ругање на Христос“ – дебитантски игран филм на режисерот Јани Бојаџи. 

Тој е меѓу осумте филмови во трка за наградите за најдобар дебитантски филм, најдобар режисер, најдобро сценарио и за специјална награда од меѓународното жири, а покрај него во официјалната селекција се уште пет филма од Европа, еден од Иран и еден од Перу.

Според селекторот Игор Анѓелков, било возбудливо да се погледне во најновата светска кинематографија, но и тешко да се направи избор поради плодната продукција и затоа што има многу дебитанти кои, како што рече, храбро влегуваат во своите први или втори остварувања и обработуваат теми на свој начин.

Концептот на фестивалот, според неговиот директор Небојша Јовановиќ, е да им се даде простор на храбри автори-дебитанти кои се зафатиле со теми кои во некои земји се игнорирани и ставени на страна, а нивните автори третирани како неподобни.

– Педесетина исклучителни филмови се пријавија, а наш императив беше да ги пронајдеме оние кои бескомпромисно се борат за зачувување на слободното уметничко изразување и не тргуваат со уметничкиот или личен интегритет, рече Јовановиќ на прес-конференцијата по повод фестивалот.

Специјална гостинка на „Киненова“ е српската актерка и ѕвезда на југословенскиот филм Аница Добра, на која вечер, на отворањето на фестивалот, ќе и биде врачена награда за особен придонес во филмската уметност. Во нејзина чест утре од 18 часот во „Милениум“ ќе биде прикажан филмот „Жената со скршен нос“ на Срѓан Кољевиќ од 2010 година.

Гостин на третиот „Киненова“ е и сценаристот и режисер од Турција Зеки Демиркубуз, од кого ќе бидат прикажани четири филма, а тој ќе одржи и мастерклас во Кинотека. Мастеркласа за трикови во пишувањето филмски дијалози ќе има и хрватскиот сценарист Анте Томиќ.

Во рамки на фестивалот првпат во Македонија ќе биде претставена норвешката кинематографија со проекција на пет филма, од кои два од  најпознатиот режисер на таа земја – Ерик Попе.

Ќе има и „Балканска филмска програма“, проекции на двата први филма на Ингмар Бергман од 1946 година („Криза“ и „Кризата во нашата љубов“)  по повод 100 години од неговото раѓање, детска филмска програма, како и две работилници – за филмска анимација наменета за деца со посебни потреби и работилница во соработка со УНИЦЕФ за зголемување на свесноста за ненасилство врз деца.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.