Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Почнуваат подготовките за Евровизија во Виена

Настани

Почнуваат подготовките за Евровизија во Виена

Повеќе од еден месец пред одржувањето на Песна на Евровизија во Виена почнаа подготовките за ова големо натпреварување.

Во салата „Штатхале“, пред почетокот на работите, полицијата ги спроведе првите безбедносни прегледи на зградата.

Полициските експерти за експлозив, потпомогнати од кучиња, ја претресоа празната хала.

– З сега, при контролата ништо сомнително не е пронајдено, изјави потпаролот на полицијата, Ромарн Хаслингер по повод првиот преглед на зградата.

По безбедносните проверки, работниците почнаа да ја внесуваат опремата за изработка на бината.

Целата опрема како и работниците кои влегуваат во салата ќе бидат подложени на безбедносни проверки со скенери и кучиња.

Првиот камион со опрема ја дочека генералниот директор на австриската дрѓавна телевизија ОРФ, Александар Врабец и шефот на виенската полиција, Карл Марер.

Вкупно 350 камиони ќе донесат опрема со вкупна тежина од 3.500 тони. Во таа испорака ќе бидат 26 камери, 1.400 рефлектори и 20 километри кабли.

За нешто повеќе од шест недели, „Штатхале“, која е изградена во 1957 година, треба да биде претворена во модерна локација со нова главна сцена на Евровизија во форма на око.

Адаптацијата на салата, според официјалните податоци ќе чини 8,9 милиони евра.

Прочитај повеќе
Маркетинг

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.