Почина легендарниот српски актер Милан Лане Гутовиќ
Медиумите во региoнот ја пренесоа веста дека починал српскиот актер Милан Лане Гутовиќ на 76 годишна возраст, после долго и тешко боледување.
Тој минатата недела бил итно примен во Клиничкиот центар во Белград поради респираторни проблеми, а состојбата во последните два дена му се влошила и бил приклучен на респиратор.
Тој беше еден од најомилените српски актери во последните 40 години.
Благодарение на неговиот oгромен талент, публиката имаше можност да ужива гледајќи го во голем број телевизиски и филмски проекти како „Метал без дршке“, „Отворена врата“, но веројатно улогата која ја одбележа неговата кариера е ликот на Среќко Шојиќ од серијалот „Тесна кожа“.