Почина легендарниот српски композитор, музичар и ТВ водител Миња Субота
Славниот композитор, музичар, ТВ водител Милан Миња Субота, почина на 82-годишна возраст откако долго време боледувал од сериозна болест, пренесуваат српските медиуми.
Во саботата тој итно бел пренесен на одделот за пулмологија. По укажаната помош, неговата состојба била стабилна.
Миња Субота беше српски композитор, забавувач, музичар, фотограф и дипломиран инжењер по електротехника. Долго работеше како водител и автор на детската ТВ серија „Музички тобоган“.
Голем број на познати личности од Србија се простија од него на своите профили на социјалните мрежи.
sa minjom subotom odlazi veliki deo detinjstva i odrastanja. sjajno je bilo uciti od njega.
bio je veliki smeker. uvek i do kraja.
hvala i vecna slava.— ognjen amidzic (@OAmidzic) September 17, 2021