Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Под мотото „Што е прво? Филмот или приказната“ 9. издание на МФФ Киненова од 16-20 октомври

Сцена

Под мотото „Што е прво? Филмот или приказната“ 9. издание на МФФ Киненова од 16-20 октомври

Фестивалот го отвора македонскиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски.

Од 16 до 20 октомври ќе се одржи најновото 9. издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова.

-На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на МФФ Киненова на маркетинг агенцијата ПУБЛИЦИС. Без нив пораката на фестивалот немаше да биде така јасно дефинирана и упатена, рече директорот на фестивалот Небојша Јовановиќ на денешната прес конференција.

Овогодинешното фестивалско издание на МФФ КИНЕНОВА 2024 ќе биде отворено со првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“, на нашиот драг колега и посветен режисер, Гоце Цветановски.

За селекцијата на филмови кои ќе може да се погледнат во текот на фестивалските денови пред присутните говореше Игор Анѓелков, селектор на главната програма.

Освен интергалактичката авантура „Јон Вардар против Галаксијата”, за која  Јовановиќ истакна дека е алегорија за актуелните случувања со човештвото, фестивалската публика во официјалната конкуренција ќе може да ги погледне и иранскиот филм „Кафуле“ на Навид Михадуст, потоа грчкиот „Жена-убиец“ на Ева Натена што раскажува приказна за чедоморството, израелскиот „Бунтот на Силвер“ на Дан Шадур, хрватскиот „Хотел Пула“ на Андреј Коровљев и копродукцијата меѓу Црна Гора, Македонија и Србија „Планета 7693“ на Гојко Беркуљан.

Оваа година на фестивалот, земја во фокус е Финска, а македонската публика ќе може да проследи две остварувања од финската современа кинематографија и тоа: „Девојки“ на Али Хапасало и „Караоке рај“ на Инари Паканен. И годинава „Киненова“, со поддршка на полскиот патувачки филмски фестивал „Висла“, ќе прикаже остварувања од полската кинематографија. Оваа програма ќе претстави 10-ина кратки филмови од полската школа за анимација од Академијата во Лоѓ, како и два филма на млади и потврдени полски филмски автори.

Деветтото издание на фестивалот ќе се затвори со филмот „На сè ќе дојде крај“, на Рајко Грлиќ, копродукција помеѓу Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Турција и Бугарија, во кој покрај плејадата актери од државите на поранешна Југославија, една од улогите толкува и нашиот легендарен актер Петар Арсовски.

МФФ КИНЕНОВА секоја година дава значаен и суштински придонес во надополнување на филмското образовани во државата, преку специјализирани работилници.

-Оваа година имаме автентична работилница за развој на идеи и сценарија за кратки филмови кои се засноваат или се инспирирани од реални случувања, конкретен настан или постоечки лик. Работилницата, низ специфичен и јасно дефиниран процес ќе ја води професорката, драматург  и сценарист од Атина, Ерини Демирцаки, информираше Јовановиќ.

 

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.