МК Сцена
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО СПОТОТ: Димитар и „Тајфата“ ја објавија „Седум дена, седум ноќи“ (ВИДEO)
Димитар Андоновски и „Тајфата“ конечно ја објавија нивната прва и долгоочекувана песна со наслов – „Седум дена, седум ноќи“, за која снимија и видеоспот.
Станува збор за едно совршено музичко парче, позади кое се потпишува братско-сестринскиот тандем, Лазар и Магдалена Цветковски.
Впрочем, со оваа нумера, Димитар и „Тајфата“ имаат намера на јавноста да и го претстават новиот музички правец, за кои тврдат дека ќе и се допадне на публиката.
– Со оваа песна сакаме да го најавиме новиот музички правец во Македонија, односно ќе имате можност да слушнете етно-поп тема за која сме сигурни дека ќе допре до публиката. Ние не застануваме тука, веќе се подготвуваме за снимање на заедничкиот албум, без разлика што настапите од ден на ден сè повеќе се зголемуваат – велат момците од бендот.
Инаку спотот е снимен во Охрид, а како режисер се потпишува „Веста продукција“.