МК Сцена
ПОГЛЕДНЕТЕ: Згодна докторка во првиот спот на „Балкан бенд“ (ВИДЕО)
За да се склопи еден мозаик, потребно е многу време, трпение, љубов и исклучителен труд. Е, па, токму еден таков мозаик, но овој пат музички склопи една група талентирани момци за кои допрва ќе разберат сите.
Станува збор за момците од „Балкан бенд“, кои вчера во ресторанот „Дион“ во Скопје го промовираа своето првенче насловено како „Неверник“, а за кое има и видеоспот.
Автори на ова музичко деби на бендот стојат едни од најдобрите во светот на музиката, а тоа се: Орце Лазаров – задолжен за музиката, текстот го напиша Борче Нечоски, додека пак аранжманот е дело на Дејан Момировски. Како специјален гостин на новата песна се појавува и талентираниот Џамбо Агушев.
https://www.youtube.com/watch?v=vmQwOgl4J7Q
Видеото се снимаше во казиното „Принцес“ во Гевгелија, а покрај членовите од составот се појавува и атрактивната докторка Љубица Димитриевска, додека спотот е дело на „Арт-продукција“ и Дејан Ѓеоргиев.
– Ви благодарам од сѐ срце што дојдовте во толку голем број, навистина ни значи вашата поддршка. „Неверник“ е наш деби-сингл и поради тоа решивме да го екранизираме. Имаме големи планови, но сѐ во свое време. Некаде кон крајот на 2017 година планираме да издадеме албум, а веќе имаме готови три песни од кои една е балада за која тврдам дека ќе биде една од најубавите песни на нашата естрада – изјави Аце, вокалистот на бендот.
Момците од бендот не застануваат тука, наскоро со нивната „Пелин и мед“ ќе настапат на фестивалот „Роса“.