Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Полицијата објави снимки од Алек Болдвин и инцидентот со пукање на сетот (ВИДЕО)

Сцена

Полицијата објави снимки од Алек Болдвин и инцидентот со пукање на сетот (ВИДЕО)

Полицијата објави снимка од сетот на филмот „Rust“ пред и откако беше застрелана Халина Хачинс. Шерифот на полицијата од Санта Фе, Адан Мендоза, исто така објави фотографии од местото на злосторството и интервјуа со сведоци, меѓу кои и Болдвин. Но, полицијата вели дека одлуката дали да се поднесе кривична пријава ќе зависи од исходот од идната форензичка анализа.

42-годишната Халина Хачинс била застрелана од Алек Болдвин додека тој вежбал со она што тој верувал дека е безбеден пиштол.

На снимката се гледаат моменти пред и по нејзината смрт. Во една од нив, Болдвин вежба влечење на чкрапалото на пиштолот. Може да се види и како полицијата и лекарите пристигнуваат на местото на трагедијата.

Болдвин е прикажан и како седи во импровизирана црква откако ја застрелал кинематографката. Потоа бил сослушан во полиција за инцидентот. Тој негираше дека го повлекол чкрапалото и додаде дека не знаел дека во пиштолот имало вистински куршум.

– Слушнав силен тресок. Ми се чинеше дека некој ме удри во рамо, а потоа паднав. Ја видов Халина како ѝ тече крв по грбот – изјави режисерот Џоел Соуза во болницата.

Утврдено е дека Хана Гутиерез Рид била задолжена да се грижи за оружјето што се користело на снимањето. Таа го тужела добавувачот затоа што смета дека е доставена неправилно означена кутија со муниција.

Минатата недела продукциската куќа која работеше на филмот „Rust“ беше казнета со 139.793 долари поради безбедносни пропусти на сетот.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.