Сцена
ПОЛУГОЛ ПРАВИ СКЛЕКОВИ: Дејвик Бекам го прифати предизвикот на Гај Ричи
Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам го прифати јавниот предизвик на својот пријател, режисерот Гај Ричи, кој побара од него кои било 22 дена, по негов избор, да прави по 22 склека дневно полугол на неговиот клавир.
– „Го прифаќам предизвикот. Секој ден ќе правам по 22 склека, гол“, објави Бекам на Инстаграм.
Првото видео на кое поранешната фудбалска ѕвезда качен на клавир, по боксерки прави склекови, додека пијанистот свири, веќе е објавено на Инстаграм.