Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ПОПУЛАРНО НА ЕГЗИТ: Се очекува 100.000 луѓе да ја посетат Петроварадинската тврдина

Музика

ПОПУЛАРНО НА ЕГЗИТ: Се очекува 100.000 луѓе да ја посетат Петроварадинската тврдина

Екипата на Популарно.мк известува директно од Нови Сад каде од денес до недела се одржува најголемиот европски музички фестивал Егзит.

Оваа година се очекува најмасовна присутност, односно организаторите најавија дека магичната Петроварадинска тврдина ќе биде домаќин на преку 100.000 домашни и странски гости.

Исто така, годинава фестивалот нуди и навистина атрактивна програма, поделена во преку 20 бини.

Иако фестивалот официјално започнува утре, денеска е таканаречениот нулти ден кој ќе биде официјално отворен со настапот на мегапопуларниот американски бенд Д Килерс.

На главната бина овие 4 фестивалски дена ќе имаме можност да ги слушнеме Лиам Галагер, Џејсон Деруло, Лост Фриквенсис, Јиарс енд јиарс, Рег н боум мен и многу други светски познати артисти, а во недела се очекува експлозивна завршница со настапот на ултрапопуларниот диџеј Хардвел кој овој август настапува и во Охрид на фестивалот Охрид Колинг.

И Македонија има свој претставник на Егзит, тоа е скопскиот бенд Визија кои во петок настапуваат на таканаречената фјужн бина.

Утре на официјалното отворање на фестивалот свој говор ќе има познатиот мотивациски говорник Ник Вуичич кој ќе збори за сериозноста на проблемот поврзан со ефектот од климатските промени.

Интересно е тоа што годинава фестивалот се одржува под мотото „Самр оф лав“ односно лето на љубовта, со што се одбележува 50 годишнина од настанот познат како Лето на љубовта кој се случил во 1967 година кога 100.000 жители на Сан Франциско облечени во хипи стил продефилирале на улиците во овој американски град.

Екипата на Популарно.мк останува до недела во нови САД од каде директно ќе известуваме за сите фестивалски случувања преку ексклузивни интервјуа, фотогалерии и видеорепортажи

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.