МК Сцена
Поради големиот интерес продолжува промотивната акција на Д Фестивал!
На наше задоволство и за радост на сите оние кои изминативе денови постојано ни испраќаа пораки со прашања за истекот на рокот, во чест на скромниот петти јубилеј, Д ФЕСТИВАЛ ја продолжува промотивната, како и студентската „4+1“ акција.
Имено, поради извонредниот интерес и на барање на голем број фанови кои не стигнаа до 1. јули да ги обезбедат своите влезници за Д ФЕСТИВАЛ, по распродажбата на првиот, промотивната цена и студентската акција 4+1 продолжуваат да важат и за вториот контингент влезници!
Во продажба се достапни уште една количина од ограничен број влезници за кои оваа акција продолжува да важи сѐ до нивната распродажба.
Сите студенти добиваат уште една прилика да ги комплетираат своите екипи за единствената фестивалска понуда ова лето. Во рамки на студентската акција „4+1“ секоја екипа од четворица која заедно ќе ги купи своите влезници за Д Фестивал, ќе добие петта влезница гратис за уште еден член на друштвото.
Оваа акција се однесува на тридневните влезници со гратис камп кои истотака сѐ уште ќе се продаваат по промотивната цена од 600 денари, додека еднодневните влезници чинат 250 денари за петок (17. јули) и сабота (18. јули), а 350 денари за недела (19. јули).
На сајтот dfestival.mk како и на mktickets.mk можат да се најдат сите информации за влезниците и организираниот превоз, а за постојано да сте во тек со последните новости за Д ФЕСТИВАЛ задолжително следете ја официјалната „фејсбук“ фан-страница.
Досега објавена програма за Главната бина и „Москито Стејџ“ на Д ФЕСТИВАЛ:
MAIN STAGE
17. јули 2015
FURION
НОВИОТ ПОЧЕТОК
КУЛТУРНО УМЕТНИЧКИ РАБОТНИЦИ
POINT BLANK
ЕЛЕКТРИЧНИ ОРГАЗАМ
BAD COPY
WILKINSON
18. јули 2015
FOOLISH GREEN
ZAA
PMG KOLEKTIV
ФОЛТИН
LJUBOJNA BRASS FANTASY
KIRIL DJAIKOVSKI ft. TK WONDER
ANTENNA 5 DJs
19. јули 2015
DRUM`N BRASS Trio
BLLA BLLA BLLA
BAILDSA
MANU CHAO LA VENTURA
MOSQUITО STAGE
18.07. – Сабота
SWATOVSKI
PROJECT 2501
SMOKE SHAKERS
ORATNITZA
RETRO CABARET
19.07. – Недела
АЛЕКСАНДАР ПЕШЕВСКИ
JUNE
TV RAGE
BROOKA BAND