Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Поранешен телохранител на Пит и Џоли откри бизарни тајни за „Бранџелина“

МК Сцена

Поранешен телохранител на Пит и Џоли откри бизарни тајни за „Бранџелина“

Поранешниот телохранител на Бред Пит и Анџелина Џоли, Марк Билингам, по најавата за развод на славната двојка одлучи да открие пикантерии од нивниот живот, раскажувајќи чудни и бизарни работи за британскиит таблоид „Сан“.

Билингам, кој минал 27 година во Специјалните воздухопловни сили на британската армија, бил на голем број боишта и заработи орден за храброст, признава дека сето она што го минал „не е толку тешко, колку работењето за Бред и Анџелина“.

Тој откако даде отказ на, како што вели, „нејтешката задача во животот“, стана главна ѕвезда на реално шоу, каде 25 луѓе се обидуваа да ја преживат воена обука за еквадорската прашума.

На прашањето дали Бред Пит би бил добар кандидат за неговото реално шоу, Марк искрено одговора дека тој „не би издржал долго без неговите креми за лице“.

– Тој не е за такви акции. Од друга страна, сто отсто верувам дека Анџелина би издржала до крај, додава Марк.

Билингам за „Сан“ отворено раскажа што го дочекало во куќата на познатата двојка, нагласувајќи дека за нив можел да работи само некој со мината воена обука.

– Бред и Анџелина беа опседнати со идејата дека некој ќе им ги киднапира децата. На децата никој не смееше да им се доближи, освен јас. Во мене имаа доверба, затоа што со децата воспоставиб добар однос од самиот почетокот, вели Билингам.

Тој во интервјуто откри и бизарни анегдоти од животот на славната двојка.

– Тие знаеа да ме прашуваат најглупави работи од типот: „Како се влегува во кафуле“? „Што треба да направам да влезам во ресторан?“, изјави телохранителот, додавајќи дека Пит и Џоли не се глупави луѓе, туку „едноставно живеат во сосема друг свет и некои работи не ги правеле со години“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.