Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Последната сезона од „Куќа од карти” ќе се снима без Кевин Спејси

Сцена

Последната сезона од „Куќа од карти” ќе се снима без Кевин Спејси

Нетфликс соопшти дека последната шеста сезона од ТВ серијата „Куќа од карти” ќе се снима следната година, но без главната ѕвезда – Кевин Спејси, кој се соочува со неколку обвинувања за сексуално вознемирување.

– Снимањето ќе почне на почетокот на 2018, но без Спејси, изјави Тед Сарандос од Нетфликс, при што нагласи дека последната сезона ќе има осум епизоди.

Приказната на серијата го следи американскиот политичар олицетворен во ликот на Френк Андервуд, кој го глуми Спејси, и неговата сопруга Клер, одиграна од Робин Рајт, која ќе се појави и во последната сезона.

Двојниот оскаровец Кевин Спејси периодов се соочува со тврдењата за сексуално вознемирување на режисерот Тони Монтана и глумците Роберт Кавазос и Ентони Реп, како и лице кое претпочита да остане анонимно.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.