МК Сцена
Последното продолжение на сагата „Игрите на гладните“ од утре во Cineplexx
Овој четврток на кино репертоарот премиерно ни пристигнува последното продолжение од сагата „Игрите на гладните: Мокингџеј 2“.
„Мокингџеј 2“ е возбудлива и емотивна завршница на глобалниот филмски феномен, во кој Кетнис Евердин од преживеан учесник на најсмртоносните игри кои се било кога смислени, влегува во битка да ја зацрта иднината на својот народ, овојпат соочена со сознанинето дека целта повеќе не е да се преживее туку да се создаде иднина.
ФХ3Х учествуваше во изработката на визуелните ефекти на овој филм. „На овој проект работеа 46 артисти, кои во период од 5 месеци изработија 166 кадри” изјавува Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х. Франшизата на блокбастерот „Игри на гладните” ја освои филмската публика низ целиот свет, заработувајќи 2,3 милијарди американски долари на кино благајните.
Покрај овој филм на репертоарот е се најдат и „Панама“, „Жртвувања на пионот“ и анимираната авантура „Алберт“.