Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Потпишан меморандум помеѓу Македонската филхармонија и Црногорскиот симфониски оркесар

МК Сцена

Потпишан меморандум помеѓу Македонската филхармонија и Црногорскиот симфониски оркесар

Во неделата, во Амбасадата на Црна Гора во Македонија, во присуство на Амбасадорот Предраг Митровиќ и претставници од Министерството за култура на Р. Македонија, Македонската филхармонија и Црногорскиот симфониски оркестар потпишаа меморандум со цел да се зајакне соработкaтa на двата национални оркестри.

Како носители на симфониското музицирање и како столбови на културата во двете земји, оркестарот на Македонската филхармонија и Црногорскиот симфониски оркестар, со потпишување на меморандумот, се обврзуваат на квалитетна соработка и размена во период од две години, почнувајќи во 2017 година.

Соработката ќе се одвива на полето на размена на солисти и диригенти, музички материјали, како и преку гостување на оркестрите во Скопје и Подгорица.

Министерството за култура на Р. Македонија, го поздрави овој чин на потпишување на меѓуинституционалниот меморандум, кој претставува всушност, операционализирање на веќе потпишаната културна соработка на двете земји за периодот од 2016 до 2019 година.

Вечерта во неделата во Македонската филхармонија, концерт одржа Црногорскиот симфониски оркестар под диригентство на врвниот маестро Григориј Краско, што наедно претставува и прво гостување на симфониски ансамбл во новата концертна сала на Македонската филхармонија.

Како солист настапи реномираниот гитарист Горан Кривокапиќ, а беа изведени дела од Мусоргски, Родриго и Кодај.

Македонската филхармонија се покажа како добар домаќин, а и гостите очигледно беа задоволни од нивното гостување во Скопје, особено од позитивните реакции на присутната публика која со бурните аплаузи изнуди дури два биса од црногорските музичари.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.