Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Повеќе десетина илјади посетители на настапот на Брена во Струмица (ФОТО)

МК Сцена

Повеќе десетина илјади посетители на настапот на Брена во Струмица (ФОТО)

Со настапот на Црвена Јабука, Дубиоза колектив, Саша Ковачевиќ и Астра-ион проект вечерва на големата сцена на плоштадот „Гоце Делчев“ завршуваат музичките вечери на седмото издание на „Струмица опен фестивал“.

Синоќа, на втората вечер, главна ѕвезда беше мега популарната Лепа Брена, која за време на скоро двочасовниот настап испеа поранешни и нови хитови, а нејзиното гостување во Струмица привлече повеќе десетина илјади посетители.

Пред Брена настапија поранешната евровизиска победничка на Србија, Марија Шерифовиќ, Виктори бенд, Либеро бенд и Афишал.

Годинашново издание на „Струмица опен фестивал“ завршува на 26 овој месец со полумаратонската трка низ улиците на градот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.