МК Сцена
Познати имиња од светската диџеј сцена доаѓаат на „Kocani Aqua Summer Festival”
Водени од идеата за сплотеност во име на различните музички вкусови, со акцент на музички имиња кои претставуваат синоним за правецот на музиката која ја продуцираат, ова лето 2016-то, ви го претставуваме најголемиот летен фестивал во организација на Аква Центар Кочани, под името „Kocani Aqua Summer Festival”.
Станува збор за повеќе од 58 часа непрекината музичка експресија со почеток од 8 јули во вечерните часови до 10 јули во вечерните часови. Концептот е да се доловат познатите летни забави достапни во туристичките комплекси и плажи, овозможувајќи целата забава да се одвива на отворено.
Светски познатиот Том Крафт (Tom Craft) од Германија и во моментот, најпознатото дуо од Грција – Банг ла Декс (Bang la Decks) со своите ди-џеј-ски перформанси достојно ќе го отворат фестивалот, со што уште од самиот старт посетителите можат да очекуваат врвна забава, за да следниот ден ди-џејот на вечерта ни допатува директно од Палма Де Мајорка – Шпанија, повторно светски познат – Кико Наваро (Kiko Navarro). Во меѓувреме, забавата на 8-ми ќе започне со резидент диџејот Иван Г (Ivan G), а пред Банг ла Декс, атмосферата ќе ја вжешти сетот на ДЏ Цобе (Dj Cobe).
Саботата е ден за комплетно уживање со бескрајна забава која започнува напладне, во 12 часот. Во 14 часот следи пена-забава со хип-хоп перформанс на ДЏ Шорти – Панчо (Shorty a.k.a Pancho од дуото ДНК). Во 16 часот благодарение на ДЏ Стефано (Dj Stefano) ќе стартува забавата со бои,а пред сетот на Кико Наваро, во 22 часот ќе се случи сетот на Василе (Vasile) од Штип.
По забавата до утринските часови, во недела не очекува бескрајно уживање со најдобрите коктел мајстори и дневна забава со страт во 12 часот. Веќе во 14 часот, најдобрите хип-хоп хитови ќе бидат претставени во сет на ДЏ Матс (Dj Mats) од Скопје, а за уживањето да биде уште поголемо, повторно е предвидена пена забава. Во 16 часот ќе настапи ДЏ Мавртиин (Dj Mawrteen) од Скопје, а фестивалот ќе заврши со настап на бендот Шајн (Shine) , со што ќе биде задоволен и вкусот на љубителите на поп-рок македонски и странски хитови отпеани во живо, од 22 часот до 1 часот по полноќ.
Картите се по цена од 200 денари за вечерната програма – петок и сабота, за дневните забави цената на влезницата е по регулатна цена според ценовникот на ,,Aqua” Центар, додека ВИП влезницата по цена од 400 денари овозможува тридневен влез и присутство на комплетната програма со бескрајна забава.