Сцена
Прамен од косата на Џон Ленон се продава за 10.000 евра
Прамен од косата на Џон Ленон се продава за околу 10.000 евра. Праменот е во сопственот на поранешниот фризер на Ленон, Клаус Барук од Хамбург. Тој во 1966 година му правел фризури на музичарот заради улогата во црната комедија „How I Won The War“ и сочувал десет сантиметри од косата.
„Ова е најголемиот праман од косата на Ленон кој некогаш е понуден на аукција. Сопственикот ја чувал 50 години, велат од американската аукцијска куќа Хертиџ Аукшнс.
Почетната понуда за праменот од косата од поранешниот член на Битлси е 10.000 евра, а аукцијата е отворена до кајот на февруари.
Пред пет години сочуван заб на Ленон и продаден за нешто повеќе од 25.000 евра.