Музика
ПРЕД КОНЦЕРТОТ ВО СКОПЈЕ: Тропико бенд ја промовираше новата песна со Џенан Лончаревиќ (ВИДЕО)
Во пресрет на најавениот аудио-визуелен концертен спектакл на еден од најдобрите бендови од соседството, Тропико бенд, закажан на 28 април во ВИП Арената „Борис Трајковски“, а во организација на Скај мјузик, следува уште еден новитет од момците.
Како што впрочем и најавија, пред најавената журка во Скопје следува уште една премиера, овој пат на темата со наслов „Синови таме“, инаку, соработка со нивниот колега Џенан Лончаревиќ.
Режисерската палка, но и една од главните улоги во оваа неверојатна крими приказна и овојпат му е доверена на еден од најдобрите актери од помладата генерација во соседна Србија, Вук Костиќ. Инаку, ова е нивна четврта соработка.
„Другари се гледаме на 28 април во ВИП Арена Борис Трајковски. Ние сме спремни, а вие“, е пораката што Сале, фронтменот на Тропико, на чист македонски ја упати до својата публика со која деновиве имаше можност да се дружи и во живо.
Билетите за скопскиот концерт се пуштени во продажба и тоа преку мрежата на Купикартизасе и во Југотон, а освен влезници за партерот и трибините, може да се набават и ВИП пакети.