МК Сцена
Предизвикајте го вашиот партнер во Капитол мол на 11-ти февруари!
Постојат две причини зошто февруари секогаш е еден од највозбудливите месеци во годината. Едната го слави виното, а другата љубовта. Пред двата претстојни празници Св. Трифун и Св. Валентин, Капитол Мол и оваа година ги предизвикува највљубените.
Секојдневните љубовни предизвици ја развиваат креативноста кај сите вљубени партнери и воедно, пред секој вљубен пар е поставен предизвик. Предизвикот е објавување на заедничка фотографија со поставените срциња низ Капитол мол на профилите на Instagram & Facebookсо хаштагот #ЉубовВоКапитолМол.
Паровите со најмногу лајкови на Instagram & Facebook ќе имаат можност да учествуваат во љубовен квиз како дополнителен предизвик за нив и како предуслов за добивање на интересни и креативни подароци.
Овој љубовен квиз ќе се оддржи во сабота (11.02.2017) од 18:00 до 20:00 часот во Капитол мол на 1 кат, каде што секој пар ќе треба да одговори на десет прашања со цел да се утврди колку добро се познаваат меѓусебно. За секое точно одговорено прашање следуваат 5 поени. На паровите со најмногу освоени поени ќе им бидат доделени интересни и вредни подроци во вторник (14.02.2017), како идеален начин за одбележување на Денот на вљубените.
Капитол Мол го предизвикува секој пар да направи заеднички фотографии со срцињата поставени низ молот со цел да има можност да учествува на љубовниот квиз. Скопјани ги очекува интересен љубовен викенд каде што паровите ќе можат да откријат колку добро се познаваат меѓусебе и дополнително да учествуваат во добивање на три примамливи подароци: прво место – Романтичен викенд во Банско за двајца; второ место – Романтична вечера за двајца во Champione Cafè и трето место – Две срциња пици во Pizza Hot.
Предизвикајте го Вашиот партнер во Капитол мол на 11ти февруари!