МК Сцена
Предновогодишно загревање со Анабела во „Дежаву“
По неверојатно добрата забава со српската ѕвезда Сека Алексиќ, која направи невидено шоу на автерворкот во „Дежаву“, на само два дена пред Новата година, во петок ќе пее Анабела.
Забавата ќе стартува во 18 часот, а улогата на Анабела е да ја подигне новогодишната еуфорија.
Во „Дежаву“ в недела за новогодишната ноќ ќе настапат Бланка во живо и диџеј Здравко. Новогодишната забава ќе старува со денска свирка и ќе трае се до раните утрински часови.
Резервациите за српската ѕвезда Анабела веќе се во тек – 076-304-009, 078-242-536.