Премиера на филмот “Eternals“: Анџелина Џоли заблеска заедно со своите деца
Во Лос Анџелес се одржа светската премиера на филмот „Eternals“ и на црвениот тепих прошетаа голем број на холивудски ѕвезди, но најголемото внимание го привлече Анџелина Џоли.
Анџелина на премиерата пристигна со своите деца Медокс (20), Захара (16), Шајло (15) и близнаците Вивиен и Нокс (13), а 17-годишниот Пакс беше отсутен. Џоли носеше креација на „Balmain“, во комбинација со златен накит, а најнеобичен беше златниот моден детал на нејзината уста.
Нејзината најстара ќерка Захара се појави во фустан на Ели Сааб, веќе добро познат на јавноста, бидејќи Анџелина заблеска во него на Оскарите во 2014 година.
На црвениот тепих се појави и Салма Хајек заедно со својата ќерка Валентина (14).
Покрај Анџелина и Салма, во новиот филм на Марвел се појавуваат и актерите од „Game of Thrones“ Кит Харингтон и Ричард Маден, потоа Гема Чан, Кумаил Нанјиани.
На црвениот тепих прошетаа и пејачката Рита Ора и нејзиното момче, актерот и режисер Таика Ваитити.
Филмот, чиј режисер е Клои Жао, треба да пристигне во кино салите на 5. ноември.