МК Сцена
Премиера на „Морници“, ФХ3Х учествуваа во ефектите
Хорор-комедијата „Морници“ (Goosebumps), на чии визуелни ефекти во соработка со МПЦ од Лондон работеше македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х премиерно ќе биде прикажана вечер во Скопје.
Ко-сопственикот на ФХ3Х, Кристијан Даниловски, Во однос на визулените ефекти, изјави дека на филмот „Морници” имале сериозен обем на работа. Во нивното студио изработени се 412 кадри од филмот, на кои работеа 80 артисти, во периодот од ноември 2014 до јуни 2015.
– Филмот е повеќе комедија отколку хорор, но ефектите ви даваат можност вашите деца да подрипнат од седиштето. Се е дел од забавата. Всушност, книгата според која е снимен овој филм претставува на некој начин вовед во хорор жанрот за деца, и е далеку од реален хорор, а поблиску до добра забава, вели Даниловски.
Според сценариото, не многу воодушевен заради селидбата од Њујорк во малото градче Медисон, каде што неговата мајка, вдовица, прифаќа работа како заменик директор во средното училиште, тинејџерот Зак Купер (Dylan Minnette) се разведрува само откако се запознава со Хана (Odeya Rush), девојчето што живее со својот татко во соседната куќа.
Всушност тоа е така се до моментот кога открива дека нејзиниот самотен татко, (Jack Black) е познатиот автор на хорор серијата Goosebumps, господинот Стајн лично, кој му се заканува дека особено ќе му го загорчи животот доколку не се држи подалеку од неговата ќерка.
Филмот “Морници” со Џек Блек во режија на Дејвид Летерман ќе биде прикажан вечер во терминот од 20 часот во киното Синеплекс.